Хамилтон ита кон јубилеј, Британецот уште еднаш ја освои Португалија

epa09174255 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas celebrates with team members as he crosses the finish line to win the 2021 Formula One Grand Prix of Portugal at the Autodromo Internacional do Algarve near Portimao, Portugal, 02 May 2021. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Седумкратниот светски шампион, возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон денеска триумфираше на трката за Големата награда на Португалија во рамките од Формула 1 шампионатот и така ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Британецот на патеката „Алгарве“ ја забележа својата 97 победа во кариерата (уште три до јубилејната стотка), а втората оваа сезона во три одржани трки.

Второто место го освои членот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, а трет вториот пилот на „Мерцедес“, Валтери Ботас кој ја започна трката од пол позицијата. Воедно Финецот освои и додатен бод за најбрз круг во трката.

Од четвртата до шестата позиција редоследно се најдоа Серхио Перес („Ред Бул“), Ландо Норис („Мекларен“) и Шарл Леклер („Ферари“). Првата десетка ја комплетираа дуото на „Алпин“, Естебан Окон и Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо од „Мекларен“ и Пјер Гасли од редовите на „Алфа Таури“.

После три трки Хамилтон е првопласиран на табелата кај возачите со осум бодови повеќе од Ферстапен. Наредната трка во шампионатот ќе се вози наредната недела за ГН Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот