Егзодус од Газа/Фото: Moiz Salhi / Zuma Press / Profimedia

Хамас: Размената на затвореници би можела да започне в понеделник

Висок член на Хамас денес изјави дека размената на затвореници со Израел би можела да започне во понеделник, во согласност со договорот за прекин на огнот во Газа, објави новинската агенција Анадолија.

„Размената на затвореници би можела да започне в понеделник“, рече Муса Абу Марзук во телевизиско интервју. Тој нагласи дека Хамас „нема намера да го милитаризира или јавно да го слави процесот на размена на затвореници“.

Првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел стапи во сила денеска, како дел од планот за Газа што го презентираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Според документот за договорот објавен од израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, Хамас вети дека ќе ги ослободи живите израелски заложници во рок од 72 часа откако Израел ќе го ратификува договорот.

Документот, исто така, предвидува дека Хамас ќе ги достави сите информации за починатите израелски заложници до заеднички механизам во кој учествуваат Турција, Катар, Египет и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Според израелските проценки, во Газа сè уште има 48 израелски заложници, од кои 20 се живи, додека повеќе од 11.100 Палестинци се притворени во израелските затвори, кои, според извештаите на палестинските и израелските организации за човекови права, страдаат од тортура, глад и негирање на медицинска нега, а многумина починале во заробеништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот