Хамас ослободи руски државјанин од Газа

Израелски напади

Хамас денеска објави дека ослободил заложник со руско државјанство од Газа и додаде дека потегот е направен затоа што Хамас ја цени позицијата на Москва за израелско-палестинското прашање. Хамас соопшти дека рускиот државјанин е предаден на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Не е сосема јасно дали потегот има врска со договорот од петокот меѓу Израел и Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на заложниците и затворениците. Според условите на четиридневното примирје, Хамас треба да ослободи 50 заложници, а за возврат Израелците треба да ослободат 150 палестински затвореници, меѓу кои и жени и тинејџери, од нивните затвори.

Египет денеска доби список на Израелци и Палестинци чие ослободување беше планирано во текот на денот како дел од примирјето меѓу Хамас и Израел.

„Денеска египетските власти добија список со имиња на затвореници од Газа, меѓу кои има и 13 Израелци, како и список со имиња на Палестинци кои треба да бидат ослободени од израелските затвори, во кој има 39 од нив. Тие треба да бидат разменети денеска“ објави египетската државна информативна служба.

Ова е трета група која се разменува во согласност со договорот за прекин на огнот со посредство на Египет и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот