Халк Еко – будење на еко свеста

Фото: Халк Еко/Фејсбук

Месецов е во знакот на еко – активностите кои Халкбанк АД Скопје ги промовира преку својата апликација https://halkeco.mk/. Освен што можете да бидете активен учесник во подобрувањето на вашите лични активности, можете да бидете и општествено одговорни и да ги охрабрите и другите да го следат вашиот пример.

Така, на 8ми септември дури 233 велосипедисти учествуваа на велосипедската трка „Halk Velo Green“ која беше организирана од страна на Халкбанк АД Скопје. Со плаќање на котизација, придонесот беше собирање на одредена сума наменета за пошумување на локација каде има потреба од истото. Велосипедистите преку плаќање котизација дадоа свој придонес за собирање на 184 500 денари, наменети за пошумување на локација која дополнително ќе биде одредена во согласност со Македонски Шуми.

Прочитајте повеќе за активноста тука.

Ваквите зелени идеи и активности се голем чекор за самите корисници, но и општествена одговорност која банката успешно ја реализира. Средствата кои се собираат преку ваквите настани значат нови зелени површини низ државата, кои се клучни за општествената добробит, но и подобрување на еко системот. Со финансиските средства кои беа собрани од ланското учество се набавија 8000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе.

Доколку досега не сте имале шанса да ја прегледате апликацијата, можете да дознаете повеќе за неа на линкот https://halkeco.mk/.

Оваа апликација е совршен начин за подобрување на здравите навики, но и за зачувување на животната средина. Апликацијата охрабрува физичка активност, еко свесност, но и мотивација за другите да го следат вашиот пример. Нема ништо подобро од две добри нешта – а тоа е користење на услугите на банката и нивно еколошко обликување. Преку една од можностите, а тоа е велосипедизмот, се промовира здрав начин на превоз, помалку загадување, и социјална активност.

Затоа, банката која се грижи за луѓето, се грижи и за природата. Тоа го докажа со настанот на кој успешно ја промовираше идејата за активност преточена во дело!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот