Халанд е феномен, одигра 60 минути, а е прогласен за играч на месецот во Бундеслигата

twitter/TREQUARTISTA

Младиот Норвежанец во јануари пристигна во Борусија Дортмунд од Салзбург и во јануари одигра само 59. минути во Будеслигата.

Сепак и тоа беше доволно да ја покаже високата класа, во два натпревари на кои влезе од клупата и одигра само 59. минути, постигна неверојатни пет голови.

На Аугсбург во првиот натпревар како фудбалер на Борусија Дортмунд даде три гола, а во вториот против Келн постигна два гола.

Настапите на овие два натпревари беа доволни за да биде прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата за јануари.

Халанд не престана да дава голови и во февруари и досега четири пати ја тресеше мрежата на противниците.

На Унион Берлин му даде два гола, а по ред постигна на натпреварите против Вердер во германскиот Куп и против Ајнтрахт во Бундеслигата.
Од пристигнувањето во Борусија, Халанд само на еден натпревар не постигна гол, против Баер Леверкузен.

Сезонава Ерлинг Халанд во дресот на Борусија и Салзбург одигра 28 натпревари и постигна дури 37 голови на кои им придодаде и осум асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот