Хаг против предлозите на Тачи за уставни измени

Според Кабинетот на специјалното обвинителство, предлозите на косовскиот претседателот Тачи кој предложи уставни измени во врска со мандатот на Специјалниот суд имаат за цел распуштање или поништување на Специјалното обвинителство.

Обвинителството од Хаг со соопштение на веб-страница на Канцеларијата на специјалниот обвинител, уставните измени за продолжување на мандатот на Специјалниот суд предложени од претседателот на Косово, Хашим Тачи ги коментира како обид да се поништат постапките на Специјалното обвинителство.

Кон крајот на август, Тачи напиша писмо со барање до косовскиот парламент да го измени членот 162 од Уставот, врз основа на кој беше формиран Специјалниот суд. Претседателот побара измена на точката 13 на овој член од Уставот, во кој се вели дека мандатот на судот „ќе трае за период од пет години“ и бара да се утврди дека мандатот ќе трае сè до објавувањето на крајот на мандатот од страна на Совет на Европската унија, во консултација со Владата на Република Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот