Гвардиола побара да се укине Лига Купот

EPA-EFE/NEIL HALL

Менаџерот на Манчестер сити смета дека англиските екипи имаат премногу натпревари во една сезона.

Пеп Гвардиола е првиот тренер на една англиска екипа кој јавно побара да се укине едно од најстарите натпреварувања во Англија, Лига Купот. Гвардиола и Манчестер сити се многу блиску до освојување на третата титула или петта во последните седум откако во првото полуфинале славеа со 3:1 против Манчестер јунајтед.

– Укинете го ова натпреварување. Ќ еима помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку клубови, помал квантитет, а повеќе квалитете. Луѓето можат да живеат без помалку фудбал. Ова е премногу – изјави Гвардиола, кој исто така за пожали и кратката зимска пауза.

– Кога започнува сезоната играте по еден натпревар неделно, а потоа доаѓате до момент кога имате два до три натпревари неделно. Ова темпо трае премногу долго и фудбалерите не можат да издржат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот