Гвардиола и Сити и ја крадат најголемата желба на Барселона

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Манчестер сити по укинувањето на суспензијата од УЕФА, и во иднина ќе биде дел од Лигата на шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола уште сега подготвува дрим-тим за напад на титулите.

Според Скај спорт, Манчестер сити ќе биде агресивен во летниот преоден рок, планира да потроши голема сума на пари за да ја врати титулата во Премиер лигата, а веќе е договорено првото засилување.
Играчот на Валенсија, Феран Торес за сума од 45 милиони евра ќе се пресели во Манчестер сити, но тој нема да биде ѕвездата во предниот рок.

Таа улога ќе му припадне на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој е означен како приоритна мета за „граѓаните“. Пеп Гвардиола смета дека Лаутаро е идеална долгогодишна замена за 32-годишниот Серхио Агуеро.

Мартинез од почетокот на годинава флертува со Барселона, дури успеа да ги договори личните услови, но каталонскиот тим нема 111 милиони евра за да ја плати откупната клаузула. Тие постојано се обидуваа да ја намалат сумата со вметнување на разни фудбалери, но челниците на Интер беа доследни – сакаа само 111 милиони евра.

Но, сега Интер е подготвен да го пушти Маритнез за 108 милиони во Манчестер сити, оваа сума за богатиот тим не претставува никаков проблем, а доколку се реализира трансферот на кој инсистира Гвардиола, тогаш тоа ќе биде нов клупски рекорд. Досегашен рекорден трансфер на Манчестер сити е тој на Кевин де Брујне кој изнесуваше 76 милиони евра.

Гвардиола и „граѓаните“ се свесни дека Лаутаро Мартинез ги има договорено личните услови со Барселона и негова голема желба е да заигра покрај Лионел Меси, и затоа ќе се обидат со голема плата да го намамат во Премиер лигата. Тие планираат да му понудат 12 милиони евра годишна плата плус дополнителни бонуси и се надеваат дека ќе го променат неговото мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот