Груби им благодари на пратениците кои гласаа за законите за коридорите и договорот со „Бехтел и Енка“

Фото: Артан Груби, Фејсбук

Вицепремиерот Артан Груби попладнево го поздрави усвојувањето на измените на законите со кои се овозможува побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д.

Груби, како што соопшти Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, им се заблагодари на пратениците кои со својот глас денеска се построија на правилната страна и не дозволија продолжување на злонамерната тенденција на оние кои за ниски политички поени не штедеа зборови и дела за да ја блокираат реализацијата на најважната инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата.

„Како што и реков: пушката топ нека им стане, но оваа работа НЕ ЗАСТАНУВА!“, напиша Груби на Фејсбук, додавајќи дека Владата е посветена да ги реализира коридорите, кои се „пат кон нов хоризонт на економски развој на земјата, и покрај сите опструкции и дезинформации што се шират во јавноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот