„Гробарите“ направија скандал пред затворот во Хаг

twitter/Partizan Belgrade

Партизан се наоѓаше пред голема победа на гостувањето кај АЗ Алкмар но во самиот финиш на натпреварот прими два гола и ги загуби шансите за освојување на едно од првите две места во групата.

Но, главна вест во холандските медиуми не беше натпреварот, туку навивачите на Партизан, популарните „Гробари“ кои ги шокираа сите со својот потег.

Тие пред натпреварот кој се играше во Хаг одлучија да отидат пред затворот во кој се сместени меѓународни криминалци.

Во овој затвор се наоѓа и воениот злосторник Ратко Младиќ, па „Гробарите“ одлучија да дојдат до затворот во Шевенинген за да му дадат поддршка со скандирање на неговото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот