ГРК Охрид го совлада Бутел Скопје и се врати на третото место во Суперлигата

фото: ГРК Охрид

Ракометарите на Охрид го совладаа Бутел Скопје 33:28 (18:13) во натпреварот од осмото коло од плеј-офот на македонската Суперлига, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.

За екипата на Охрид блескаше голманот Ѓорѓески со 19 одбрани, а кај стрелците во нападот Цирар постигна шест гола, а по еден помалку Ојлески и Јукиќ.

Најдобри стрелци во редовите на Бутел Скопје беа Николов со девет и Стојановски со пет погодоци.

На табелата во шампионатот Охрид е на третото место со 20 бодови, додека Бутел Скопје е на седмата позиција со четири.

Во следното коло кое на програмата е веќе во сабота, ГРК Охрид ѝ гостува на Струга, додека Бутел Скопје ќе игра во Битола против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот