Грчките медиуми по посетата на Заев: Нова меѓувладина седница и договор за двојно оданочување меѓу двете земји

Грчките медиуми одвоија голем простор за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Атина и средбите што ги имаше со државниот врв, но и со претставници на бизнис сектор. Агенцијата АНА-МПА излезе со наслов „Меѓувладина седница меѓу Грција и Северна Македонија, најави Заев” и во дел од текстот најавува потпишување на договор за избегнување на двојното оданочување, но и за интересот за наше учество во проектот за снабдување со течен природен гас кај грчкиот град Александруполи.

„Заев: Меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција”; „Меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција, најави Заев”; „Заев: Мицотакис сака да дојде во Скопје”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, во текстови главно преземени од АНА-МПА.

Онлајн изданието на весникот „Етнос”, акцентот го става на делот од интервјуто на Заев за МИА во кое вели дека Мицотакис изразил желба да го посети Скопје, а ја споменува и понудената подготвеност на Грција да ја снабди Северна Македонија со вакцина за Ковид-19.

Посетата на Заев на Атина и средбите со Мицотакис и претседателката Сакеларопулу предизвика интерес кај медиумите во Грција кои секојдневно информираа за разговорите со грчкиот државен врв, а македонскиот премиер за време на престојот во Грција даде интервјуа за грчката телевизија „Мега” и за весникот „Та неа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот