„Гранде Пандев“ му се заблагодари на Интер

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Џенова играше нерешено против Фиорентина во неделата во последното коло од италијанското првенство оваа сезона (0:0).

Но, голема услуга им направија „неро-азурите“ кои пак го совладаа Емполи со 2:1 за учество во Лигата на шампионите и на тој начин „Гранде Пандев“ имаше двојна радост.

– Заслуживме опстанок. Имавме една тешка сезона, но успеавме да ја оствариме целта. Му се заблагодарувам на Интер што го совлада Емполи. Им ја посакувам сета среќа во Лигата на шампионите – рече нашиот интернационалец.

Пандев своевремено ги бранеше боите на Интер во периодот од 2009. до 2012. година и со чиј успеа да биде европски и светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот