Аталанта и Интер во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Екипите на Аталанта и на Интер ќе учествуваат во Лигата на шампионите наредната сезона  откако во последното коло од Серија А остварија триумфи на домашен терен.

Аталанта иако губеше со 0-1 од Сасуоло, успеа да направи целосен пресврт и да слави со убедливи 3:1 со кои го обезбеди третото место на табелата. Головите за Аталанта кои и донесоа историско учество во ЛШ ги постигнаа Запата, Гомез и Пашалиќ.

Интер пак, пред своите гледачи со 2:1 го победи Емполи. Кеита донесе водство за Интер во 51. минута но навивачите на „Џузепе Меаца“ ги шокира Траоре со голот во 79 минута. Сепак, Интер возврати само две минути подоцна преку Наинголан и успеа да дојде до трите бодови кои го носат во елитното европско натпреварување.


Милан кој победи со 3:2 на гости кај Спал, ќе игра во Лигата на Европа, заедно со Рома која пак ја совлада Парма со 2:1.
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и во наредната сезона ќе игра во Серија А, откако неговата Џенова одигра 0:0 на гости кај Фиорентина и со освоениот бод го завери опстанокот во лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот