Граѓаните до утре може да се пријават за Деновите на финансиска писменост

Народна банка на РСМ
Народна банка на РСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Утре завршува рокот за пријавување на граѓаните за предвидените едукативни видео презентации на темите Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ги организира Народната банка во рамки на Деновите на финансиска писменост.

Деновите на финансиска писменост ќе се одржуваат од 24 до 26 ноември 2020.

Презентацијата за Монетарна политика ќе биде на 24 ноември, за Финансиска стабилност на 25 ноември, а за Платен систем и платежни услуги на 26 ноември, а сите ќе бидат на интернет и ќе почнуваат во 14 часот.

Како што соопшти Народната банка, презентациите ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка. Заради организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес, сите заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака на е-адресата [email protected] или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук”, „Твитер” и „Инстаграм”. Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот