Град Скопје со 13,5 милиони денари ќе поддржи 116 проекти од спортот и од образованието

Фото: Архива на „Слободен печат“

Вкупно 13,5 милиони денари ќе бидат распределени годинава за 116 проекти, поточно за 96 проекти од областа на спортот Град Скопје ќе подели околу 11 милиони денари, а останатите 2,5 милиони денари ќе бидат наменети за кофинансирање на 20 проекти од областа на средното образование.

На јавниот повик за поддршка од областа на спортот пристигнале 164 апликации додека од областа на кофинансирање на на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје пристигнале 23 апликации.

 Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици да го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на Градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодвествуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа наспортот – соопштуваат од Град Скопје.

Програмските активности пак, кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираатво средните училишта под надлежност на Градот се насочени кон справување со актуелните предизвици на здравствената криза односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници, психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со сајбер-насилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина, едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје и друго.

Листа на поддржани проекти во спортот:                                                        https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf

Листа на поддржани програмски активности во средните училишта:
https://skopje.gov.mk/media/8636/lista-proekti-obrazovanie-2022.pdf

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот