Градоначалникот на Сеул е пријавен за исчезнат

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун е пријавен за исчезнат, а полицијата интензивно трага по него. Неговата ќерка била таа која го пријавила за исчезнат.

Полицијата на Сеул трага по Парк во населбата Сунгбук каде е последен пат лоциран неговиот телефон.

Од кабинетот на Парк соопштија дека тој не се појавил на работа од непознати причини и ги откажал сите обврски за денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот