Град со големина на тениски топчиња во Франција: Погледнете како еден маж се обидел да го заштити автомобилот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Силно невреме погодило неколку делови од Франција, а бил забележан и град со големина на тениски топчиња.

Метеоролозите објавиле портокалово предупреедување и додале дека биле регистрирани рекорден број на молњи – 73.700!

Иако на социјалните мрежи се појавија голем број на снимки од силното невреме, сепак имаше една која посебно го привлече вниманието.

Станува збор за снимка на која се гледа како еден маж на сите начини се обидува да го заштити својот автомобил од замрзнатите топки.

Може да се види како мажот на глава ставил кутија, а потоа и се обидел и автомобилот да го покрие со други кутии и картони.

За среќа, во големото невреме, немало повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот