Град Скопје за Трајановски: Наместо да го изгради трамвајот, 8 години парите ги трошеше за фасади, споменици и фонтани

Од Град Скопје за „Слободен печат“ одговорија на реакцијата на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, кој вчера напиша неколку причини, поради кои, според него не треба да се реализира Брзиот автобуски превоз најавен од сегашниот градоначалник, Петре Шилегов.

„Би сакале да ја потсетиме јавноста дека Коце Трајановски, како градоначалник на Град Скопје, имаше 8 години да го реализира проектот за трамвај но тоа не го стори. Наместо тоа, со серија на погрешни политики, тој го забави развојот на Скопје на ова поле, како што беше одлуката да дозволат на зграда на местото на некогашна Народна Банка на Плоштад Македонија, со што неповратно се уништија плановите за изградба на подземна сообраќајница низ центарот на градот“, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека наместо да го изгради трамвајот, Трајановски 8 години парите ги трошел за фасади, споменици и фонтани.

„Дополнително, во сферата на јавниот транспорт, во негово време беа набавени и несоодветните двоспратни автобуси, кои се прескапи, како од аспект на набавка така и од аспект на одржување, а притоа не дадоа никаков еколошки бенефит за Скопје“ – истакнуваат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот