ГОТОВО: Руни во 2020 се враќа на европско тло (ФОТО)

twitter.com/Rooney_esque

Руни денеска договори соработка со Дербу Каунти кој се натпреварува во Чемпионшип, со кого потпиша договор до летото 2021 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед ќе му се приклучи на Дерби во јануари следната година во улога на играч-тренер.

На тој начин, Руни полека ќе влезе во тренерскиот свет, со цел да се подготви за можна тренерска по завршувањето на фудбалската кариера.

Руни во моментов е член на американскиот Ди-Си Јунајтед, но одлучи дека по завршувањето на сезоната во МЛС ќе ги напушти САД и ќе се врати во Англија.

Оваа сезона во МЛС одигра 23 натпревари, а постигна 11 голови. Дерби Каунти новата сезона во Чеммпионшип ја започна со триумф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот