Гостивар непријатно го изненади шампионот МЗТ Скопје

фото: kfsm.mk

Не му оди на аеродромскиот клуб во дуелите со Гостивар. Во првиот круг шампионот загуби во Гостивар, а загуби и вечерва, на свој терен во главниот град.

По втор пат во овој прв дел од шампионатот, Гостивар го совлада МЗТ Скопје, сега и во СЦ „Јане Сандански“, со (78:72), па сега се искачи на делба на првото место на табелата.

Одличниот Доналдсон беше нерешлива енигма за МЗТ во воведните минути на дербито, американскиот бек брзо дојде до двоцифрен број на поени – 10.

Гостиварци водеа (12:6), потоа (18:13), и (23:19), за таа прва четвртина МЗТ „скине“ дел од негативата на „минус два“ (21:23), а по неколку обиди во втората четвртина и да израмни на (26:26), како што и беше по 13. минути игра.

Гостивар немаше намера да се откаже од својата замислена варијанта. Мирно, спокојно, скоро до истекот на нападите завршуваше дел од планираните акции. Уште еднаш имаше плус од шест поени (34:28), потоа и (36:30), за на полувремето домаќинот уште еднаш да се тргне, макар и минимално, доволно за минусно салдо од три поени, (35:38).

Постојано во позитива беа кошаркарите на тренерот Марјан Србиноски (50:55), а со двете тројки на Димчевски, и една на Доналдсон, во 33. минута дојдоа до највисоката предност, од девет поени (66:57), што беше клучно за крајниот епилог на мечот.

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Д. Стојановски со 15 поени (шест скокови), а на спротивната страна 20 поени (пет скокови) блескаше Д. Доналдсон, следен од Г. Ѓелетовиќ со 18 поени (осум скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот