Гордон Ремзи откри зошто нема да им остави ништо од своето богатство на неговите деца

instagram
instagram

Иако „лежи“ на пари, славниот Шкотланѓанец нема намера да им попушти на своите наследници и да им го подари целото негово наследнство.

Еден од најпознатите светски готвачи е Гордон Ремзи, вчера, 8 ноември, го прослави својот 54-ри роденден. Во интервју за британски Телеграф, славниот Шкотланѓанец откри дека нема да остави речиси ништо од своето богатство на своите деца. Само мала количина.

Тој има добра причина за тоа. Имено, Гордон сака неговите наследници да поминат низ животот и сами да заработат пари.

Не го правам ова од никаква злоба. Јас едноставно не сакам да станат расипани летви – рече Ремзи, а Express.hr пренесува:

Нашите деца не седат со нас во прва класа кога патуваме со авион. Кога ќе ги заработат своите пари, тие повеќе ќе ги ценат и нека ги трошат како што сакаат. Ги заработив парите тешко – рече Гордон и продолжува:

Уште од првиот ден им наметнав на моите деца дека има ред и работа. Покрај тоа што не сакам да станат размазени кретени, морам да ја почитувам и мојата работа и луѓето кои работат за мене, и да не дозволам некое разгалено дете да им пречи додека работат само затоа што нивниот татко им е шеф. Се обидов да ги одгледам што е можно понормално. Секој работи нешто – чува животни, секој има домашна работа … Добиват џепарлак, но мора да го заработат, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот