Гордон Ремзи го открива рецептот за посна пита полна со риба

Фото: Flickr

Во деновите на постот не мора себеси да се ограничувате, бидејќи денес можете да приготвите најразлични јадења со посни намирници што се превкусни. За речиси секоја мрсна состојка постои нејзина посна замена, така што не мора да се откажувате од вашите омилени оброци, како ниту од деликатесите. Ви предлагаме да го пробате и прочуениот рецепт на британскиот готвач Гордон Ремзи за посна пита полнета со риба. Подготовката е многу едноставна, а ова е одличен предлог за ручек или вечера.

Состојки:

– 1,5 килограми компири
– 100 грама маргарин
– 200 милилитри млеко од соја

За филот:

– 4 млади кромитчиња
– 4 лажици сечкан свеж магдонос
– 150 грама растително сирење
– 50 грама маргарин
– 175 грама замрзнат грашок
– 1 лажичка сенф
– 150 милилитри млеко од соја
– 150 милилитри посна павлака за готвење
– 450 грама филети од риба по избор

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите излупете ги и исечете ги на четвртинки, па ставете ги во поголемо тенџере. Прелијте ги со ладна вода и варете на средна температура. Кога водата ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете ги компирите да се варат 15 до 20 минути додека не омекнат. Компирите исцедете ги и испасирајте ги. Додајте ги маргаринот и млекото од соја и повторно испасирајте. Во тава растопете го маргаринот, па додајте го исечканиот млад кромид. По една минута, додајте грашок и сенф и продолжете со пржење уште една минута. Потоа сипете ги млекото од соја и посната павлака за готвење. Гответе околу 10 минути додека малку да згусне, а потоа додајте го ренданото растително сирење и измешајте. Исечете ја рибата на поголеми парчиња, па додајте ја во сосот. Добро измешајте, па посипете со сечкан магдонос. Зачинете со сол и бибер, па повторно промешајте. Добиената смеса сипете ја во огноотпорен сад кој сте го премачкале со масло, а преку него распоредете го пирето од компири. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот