Горбачов: Нуклеарното оружје му носи на светот колосална опасност

Фото: Профимедиа

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната тензија меѓу Русија и Западот го доведува цел свет во „колосална опасност” од можен нуклеарен судир и повика на уништување на нуклеарното оружје.

– Се додека постои оружје за масовно уништување, како што е нуклеарното, опасноста за цел свет е колосална. Сите нации би требало да повикаат на уништување на нуклеарното оружје. Тоа е нешто што мораме да го направиме ако сакаме да го спасиме човештвото и планетата, изјави Горбачов во интервју за Би Би Си.

На прашањето дали напнатоста меѓу Русија и Западот потсетува на времето на Студената војна, Горбачов рече дека станува збор за „про-студена војна”.

Последниот советски лидер ја освои Нобеловата награда за мир во 1990 година за историскиот договор со тогашниот американски претседател Роналд Реган за намалување на нуклеарното оружје, од кој Доналд Трамп се повлече оваа година.

Одлуката на Горбачов да не ја испраќа Советската армија во Источна Германија кога „падна” Берлинскиот ѕид пред 30 години, се смета за клучна за одржување на мирот за време на Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот