Горан Пандев доби награда за животно дело од Општина Струмица

Фото: Kostadin Kostadinov/FB

Македонската фудбалска икона Горан Пандев доби уште едно признание за својата извонредна кариера.

Пандев од неговата Струмица доби награда за животно дело за особен придонес во областа на спортот. Свечената церемонија се одржа по повод Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а беа доделени награди и за уште неколку лица, спортски клубови и организации.

„Каде и да одев, никогаш не криев дека сум Македонец од Струмица. За мене најубавото место на Балканот, каде народот е насмеан, каде Господ дарувал убавини. Струмица е град кој стана препознатлив во цела Европа, не само поради спортот, туку и поради културата, музиката, науката и прогресот.

Никој немаше да стаса до големи височини ако не беа струмичани кои секогаш ни даваа огромна поддршка. Нашите учители ни го трасираа патот, нашите тренери нѐ усовршуваа, но тука беа и Светите петнаесет, кои секогаш беа нашиот чадор на верата, здравјето и љубовта“, изјави Пандев при примањето на наградата.

Фото: Kostadin Kostadinov/FB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот