Гончарук: Со владината програма Украина за пет години ќе ги исполни критериумите за членство во ЕУ

Според него, тоа е важно за синхронизирање на политиките со државите-членки на ЕУ, посебно во рамките на Европскиот Зелен договор.

Украинскиот премиер Алексеј Гончарук соопшти дека, доколку се реализира владината програма, Украина по пет години ќе ги исполни критериумите за членство во Европската унија, пренесоа руските медиуми.

„Владината програма предвидува амбициозна цел- по пет години Украина да одговори на критериумите за членство во ЕУ”, напиша премиерот на социјалната мрежа Телеграм.

Според него, тоа е важно за синхронизирање на политиките со државите-членки на ЕУ, посебно во рамките на Европскиот Зелен договор.

„Амбициозната цел на ЕУ е Европа да биде првиот континент чија економија не ја уништува природата. Украина е подготвена да стане неразделен дел од тој успех”, забележа премиерот Гончарук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот