Голферот Рид тужи поради клевета и бара отштета од 750 милиони долари

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американецот (32) ги тужи ТВ коментаторот Брандел Чамбли и медиумот „Голф ченел“ кои го клеветеле уште од времето кога имал 23 години

Голферот Патрик Рид (32) поднел тужба поради клевета во која од ТВ коментаторот Брандел Чамбли и од медиумот „Голф ченел“ како тужени страни, бара отштета од неверојатни 750 милиони долари.

Американецот тврди дека коментаторот и ТВ-каналот го клеветат уште од времето кога имал 23 години. Поради негативните коментари тој наводно изгубил многу спонзори и поддржувачи, страда од непријатеските чувства на публиката кон него и слично…

Рид е деветкратен победник на турнири во серијата на „Пи Џи Еј тур“, доминантна во светот на голфот.

Неодамна Рид, како и некои други врвни голфери, ја напушти „Пи Џи Еј тур“ и се придружи на организацијата „ЛИВ голф“ од Саудиска Арабија која се чини сака да го преземе светскиот примат во овој спорт со организирање на конкурентска серија.

Критиките од коментатотор и од медиумот за овој негов потег се повод за оваа тужба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот