Големо признание за Пројковска, избрана во елитното друштво на судијки за Евро 2022

фото: ФФМ

Уште едно големо признание за македонската судијка Ива Пројковска, таа е избрана во елитното друштво на судијки за Европското првенство 2022 кое ќе се одржи во Англија.

Како што објавуваат од Европската фудбалска куќа (УЕФА), Пројковска ќе ја има улогата на четврта судијка како помош на главната судиска тројка која ќе ги води натпреварите.

Во 2019 година беше главен судија на финалето од Европското првенство за фудбалерки до 19 години.

Главни судии на континенталниот собир, кој ќе се организира од 6 до 31 јули 2022 година, ќе бидат: Иван Мартинчиќ (Хрватска), Јана Адамкова (Чешка), Ребека Велш (Англја), Марта де Аза Уерта (Шпанија), Лина Лехтоваара (Финска), Стефани Фрапар (Франција), Рием Хусеин (Германија), Јулиана Деметреску (Романија), Естер Стобли (Швајцарија), Тес Олофсон (Шведска), Катерина Монзул (Украина), Емикар Барера Калдера (Венецуела) и Черил Фостер (Велс).

Покрај квалификациските натпревари за СП, во женската Лига на шампионите им судеше на клубови како Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Волфсбург, ПСВ..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот