Големи поплави во Верона, водата ги носеше автомобилите низ улиците (ВИДЕО)

Фото: Twitter

„Чудо е што никој не е повреден“, велат граѓаните.

Големо невреме ја погоди вчера Верона. На снимките објавени од италијанските медиуми и на социјалните мрежи може да се видат обилни врнежи и град како поплавени улици.

Како што наведува Република, водата во некои улици надмина дури и метар ипол, урнати се најмалку 500 стебла, а пожарникарите примиле стотици повици.

„Чудо е што никој не е повреден“, велат.

Невремето ја погоди и Виченца, а претседателот на регионот Венето Лука Заиа најави дека ќе објави кризна состојба за Верона и другите заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот