Голема снежна бура во Канада: Затворен аеродромот во Њуфаундленд, илјадници луѓе останаа без струја (ВИДЕО)

ФОТО: Принтскрин/Twitter

Едно 26-годишно момче се води за исчезнато откако вчера излегло да го прошета кучето за време на бурата.

Аеродромот, но и голем дел компании денеска останаа затворени на Њуфаундленд во Канада по снежната бура која го погоди островот, а во некои делови предизвика и лавина.

Снежната бурa донесе снег и до 75 сентиметри, а ветрот дуваше со брзина од околу 130 километри на час.

 

Илјадници луѓе останаа без доток на електрична енергија. Но и покрај недостатокот на струја, на социјалните мрежи се објавуваат голем број видеа и фотографии.

Едно 26-годишно момче се води за исчезнато откако вчера излегло да го прошета кучето за време на бурата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо понуди помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот