Голема рација во Германија: Полицијата изврши претрес во домовите на припадници на „Волфбригејд 44“

Фото: Илустрација/EPA

Германската полиција спроведе рации во три сојузни држави откако Владата ја забрани ултрадесничарската група „Волфбригејд 44″, изјави портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Извршен е претрес во домовите на 13 припадници на „Волфбригејд 44″, во сојузните држави Хесен, Мекленбург-Западна Померанија и Северна Рајна-Вестфалија.

Во акцијата се запленети средства и пропаганден материјал на групата.

Портпаролот на германското МВР истакна дека „секој што ќе се бори против основните вредности на германското слободно општество, ќе се соочи со одлучни владини реакции”.

Ултрадесничарската група, која е основана во 2016 година, се залага за повторно воспоставување нацистичка диктатура. Познато е дека групата поседува оружје и дека нејзините членови учествуваат на ултрадесничарски протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот