Голема нафтена дамка стигна до брегот на Калифорнија: „Оштетувањето на животната средина се непроценливи

Принтскрин

Голема нафтена дамка денеска пристигна од океанот кај брегот на Калифорнија до Хантингтон Бич, носејќи мртви риби и птици, соопштија локалните и федералните власти.

 

Околу 126.000 галони нафта се претворија во леплив слој од околу 20 квадратни километри откако за првпат дамката беше забележана вчераутро, рече Катрина Фоли од администрацијата на округот Оринџ.

Штетата за животната средина е неповратна, соопшти Фоли.

Фоли додаде дека излевањето е предизвикано од пукнатина во нафтена платформа и дека дамката се протега од пристаништето во Хантингтон Бич до Њупорт Бич, дел од калифорнискиот брег што е многу популарен кај сурферите.

Таа кажа дека нафтата влегла и во Талберт Марш, голем еколошки резерват, и таму предизвикала „значителна штета”.

Плажите се затворени, а локален авио-митинг е откажан.

Официјални лица изјавија дека донеле специјална заштита за да спречат нафта да навлезе во еколошките резерви на мочуриштата Болса Чика и Хантингтон Бич.

Крајбрежната стража крена во воздух авиони за проценка на големината на нафтената дамка и ангажираше компании за отстранување на загадувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот