Голем удар за шпанските екипи, стоп за обложувалниците

EPA-EFE/JUAN HERRERO

Од наредната сезона на шпанските екипи им е забрането на своите дресови да рекламираат компании кои работат со обложување.

Шпанските власти одлучија да ги прописите за рекламирање на компаните кои работат со обложување и на екипите од Ла Лига им е забрането да имаат реклами од обложулници на своите дресови, пишува „Ел Паис“.

Оваа одлука највеќе ги ги погоди екипите на Валенсија, Алавес, Леганес, Гранада, Мајорка, Севиља, Осасуна и Леванте бидејќи главни спонзори им се обложувачки компании.

Според новиот шпански закон за рекламирање, дозволен ќе биде „прозор“ од четири часа за рекламирање на обложувалниците и тоа од еден часот по полноќ до пет часот наутро.

Освен на дресовите, обложувалниците повеќе нема да можат да го спонзорираат и името на стадионот како и секој друг аспект на клубовите.
Оваа одлука треба да стапи на сила оба лето, е одложена поради пандемијата на коронавирусот и новиот закон откако ќе добие зелено светло и од Европската Унија ќе стапи на сила од почетокот на наредната 2020/21 сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот