Голем пожар во Хонг Конг, евакуирани 3.400 луѓе

Пожарникарите во Хонг Конг се уште се борат со пожарот што избувна во магацин, и поради кој се евакуирани 3.400 луѓе, соопшти денеска полицијата.
Противпожарните екипи се на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви.
На две лица кои работеле во близина на локацијата каде избувнал пожарот им се слошило откако вдишале чад, а луѓето од четири училишта и една станбена зграда во близина морале да бидат евакуирани, соопшти полицијата.
Владата отвори привремено засолниште во спортскиот центар за евакуираните и ги советуваше граѓаните да ги затворат вратите и прозорците.
Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време во складиште во станбена и индустриска област во Коулун, соопшти владата.
Официјалните лица го класифицираа инцидентот како пожар од трет степен на скала од пет нивоа. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.
И пред три недели голем пожар избувна на градилиште на облакодер во Хонг Конг.
fire in Hong Kong pic.twitter.com/pzQlRXAOg4
— Jack London (@JackLondon369) March 2, 2023
Пожарот најпрвин беше забележан во близина на скелето на врвот на зградата, а огнот можеше да се забележи од пристаништето како и жарот кој паѓаше по соседните улици.
ВИДЕО: Голем пожар во облакодер во Хонг Конг, огнот зафати и четири други згради