ВИДЕО: Голем пожар во облакодер во Хонг Конг, огнот зафати и четири други згради

Фото: Ројтерс

Пожар избувна денеска на градилиште на облакодер во Хонг Конг, поради што се активирани голем број пожарникари, соопштија градските власти.

Пожарот избувна во 23.11 часот по локално време (17.11 часот по средноевропско време) во Цим Па Цуи, комерцијален и туристички кварт на морскиот брег. Засега нема информации за жртви.

Пожарот најпрвин бил забележан во близина на скелето на врвот на зградата, а огнот можел да се забележи од пристаништето како и жарот кој паѓа по соседните улици. Еден час подоцна, пожарот се проширил на целата зграда и се спуштил на улицата каде што се собрале стотици пнабљудувачи.

Полицијата соопшти дека огнот зафатил и четири соседни згради, но тие пожари се брзо изгаснати.

Таму се гради зграда од 42 ката, во која ќе бидат сместени Поморскиот клуб и нов хотел, а проектот е на Empire Group.

Околу градилиштето има трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.

Областа Цим Ша Цуи е популарна туристичка и шопинг област во Хонг Конг. Позната е по своите облакодери и погледот на градското пристаниште Викторија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот