Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица (ВИДЕО)

Девет хеликоптери, два авиони и најмалку 600 лица, пожарникари и воен персонал за вонредни состојби, се ангажирани за гаснење на пожарот.

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на еден од  Канарските острови.

Најновиот пожар започна во саботата попладне во близина на градот Валесеко на островот Гран Канарија, кој се наоѓа во Канарскиот архипелаг во Атлантскиот Океан.

Локалните власти на Твитер соопштија дека пожарот којшто се шири во две различни насоки зафатил повеќе од 1.700 хектари и сè уште е активен. Девет хеликоптери, два авиони и најмалку 600 лица, пожарникари и воен персонал за вонредни состојби, се ангажирани за гаснење на пожарот.

Властите велат дека постои опаснот од ширење на огнот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close