Голем пораст на бројот на заразени во Словенија

Четворица пациенти во критична здравствена состојба.

Словенечките здравствени власти објавија дека само во последното деноноќие во земјата се потврдени 44 нови случаи на коронавирус.

Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината.

Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба.

Докторите уште еднаш апелираа граѓаните да ги слушаат препораките и да ги избегнуваат сите можни контакти бидејќи само на тој начин ќе си го заштитат своето и здравјето на своите најблиски.

Во Словенија од вчера е прогласена епидемија и се откажани сите јавни, културни, спортски и образовни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот