Ѓоковиќ: Знам дека ме сакаат, но нема да се занимавам со политика!

фото: flashscores.com

Вториот светски рекет вели дека во школите треба уште повеќе да се крене популарноста на тенисот и дека младите се најдобра инвестиција.

Најдобриот српски тенисер во интервјуто за „mondo.rs“ зборуваше за плановите во 2020 година, откри во какви односи е со Надал и Федерер, за Кристијано Роналдо, што го мотивира и каде ќе живее кога ќе ја заврши кариерата.

Новак Ѓоковиќ остави длабока трага во светот на спортот, освојувач на 16 грен слем трофеи, тениски рекордер, четири пати прогласен за најдобар спортист на векот, го продолжува походот кон нови титули.

Оваа година со српската репрезентација успеа да го освои трофејот во премиерното издание на АТП купот одржан во Австралија.

Сега Ноле го очекува учеството на првиот грен слем сезонава, „Австралија опен“, во Мелбурн освои рекордни седум трофеи.

– Во оваа година ми претстојат многу предизвици, ова е олимписка година, за мене многу значајна. Уживам да делам и добивам за возврат неверојатна енергија од соиграчите, публиката, нашите луѓе. Секако, освен Олимпијадата, и другите турнири се приоритет, секогаш со највисоки цели, не умеам поразлично. Ќе биде успешна и годинава доколку ги задржам здравјето и желбата да трнирам и натпреварувам во моментите кога ќе биде тешко – рече Ѓоковиќ.

Заедно со својата сопруга Јелена водат хуманитарна фондација преку која им помагаат на децата во Србија. Запрашан дали Новак размислувал да се занимава со политика, еве што одговори:

– Благодарност за љубовта и поддршката која ја примам од луѓето, но немам намера да се занимавам со политиката надвор од спортот. Ќе вложам труд и напор тенисот да остане и опстане како национален спорт во Србија уште долго време. Да се зголеми уште повеќе популарноста, да имаме што повеќе деца во школите и клубовите со рекет во рацете. Спортот е мојата љубов и страст и сакам на тоа максимално да помогнам со своето искуство, пример, контакти, ангажман. Од друга страна, мојата сопруга се занимава уште повеќе со унапредување на образовниот систем во Србија преку нашата фондација и на тој начин помогнеме во државата и нашите семејства. Во оваа „мисија“ ни се придружија многу луѓе што секако радува, бидејќи цврсто веруваме дека децата се најдобра инвестиција за подобра иднина за општеството – се зборовите на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот