Ѓоковиќ ги откри двете најомилени победи во кариерата! (ВИДЕО)
Најдобриот српски тенисер во пресрет на АТП „финалето“ за 2019 година, пред јавноста ги откри двете најомилени победи во својата кариерата, а едната од нив беше остварена пред само неколку месеци.
Популарниот Ноле во минатото имаше многу неизвесни и долги дуели кои влегоа во историјата на тенисот, а дефинитивно нема да се заборават неговите епски пресметки против големите двајца пријателски, но и воедно лути ривали Рафаел Надал и Рожер Федерер.
Прво го одвојува мечот одигран на 29 јануари против Надал пред седум години во Мелбурн, најдолгото грен слем финале во историјата.
Траеше вкупно пет часа и 53 минути и Новак славеше со резултат 3:2 по сетови 5:7, 6:4, 6:2, 6:7 (5) и 7:5.
Втората најомилена победа му е годинава во Лондон против Федерер исто така дуел во пет сета 7:6 (5), 1:6, 7:6 (4), 4:6, 13:12 (3).