Ѓоковиќ ги одвои можните шампиони на „Австралија Опен 2020“!

фото:твитер

На оваа листа најголеми кандидати Ноле постави тројца искусни играчи и тројца млади кои се иднината на светскиот тенис во битката за грен слемови.

Српскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ важи за еден од најголемите фаворити за освојување на првиот грен слем турнир сезонава, „Австралија опен“.

Потсетување дека во изминатиот период Ѓоковиќ со српската репрезентација успеа да го освои АТП купот, откако во финалето ја совладаа селекцијата на Шпанија.

„Австралија опен 2020“ ќе се одржи во периодот од 20 јануари до 2 февруари, а титулата од минатата година ја брани Новак Ѓоковиќ.

Ноле за австралиските медиуми изјави дека тој не е единствениот кандидат за трофејот.

– Мислам дека ќе биде неизвесно, како на секој грен слем турнир. Мислам дека нема некој изразен фаворит. Се одвојуваат Федерер, Надал ј и јас, поради искуството, ранкингот и сето останато поради што со години ние тројцата сме најголемите фаворити – рече Ѓоковиќ.

Но, додаде уште тројца на неговата листа можни шампиони на „Австралија опен 2020“.

– Ги имаме уште Медведев, Циципас и Тим, кои играат навистина одличен тенис. Покажаа дека се зрели за големата тениска сцена, дека можат да ги предизвикаат најголемите играчи на светот и да ги победат. Сите говорат за следната генерација на играчи кои би можеле во иднина да освојуваат грен слемови. Мислам дека се ближат кон таа цел. Иако се надевам дека нема да успеат оваа сезона – додаде српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот