Ѓоковиќ е повторно најдобриот тенисер на светот

Моментно на врвот на АТП листата Србинот има 9720 поени, а досега на првото место се наоѓаше Рафаел Надал кој падна на втората позиција (9335).

Потсетување дека Новак Ѓоковиќ со резултат 3:2 по сетови го совлада Австриецот Доминик Тим во финалето на првиот грен слем сезонава, „Австралија опен“.

Сега Ноле има вкупно 17 грем слем титули, две помалку од Рафаел Надал, а на врвот е Рожер Федерер (20).

Моментно на АТП ранг листата Ѓоковиќ има 9720 поени, а досега на првото место се наоѓаше Шпанецот Надал кој сега падна на втората позиција (9335).

На третото место е швајцарскиот тенисер Федерер (7130), Тим е четвртопласиран со 7045, на петтата позиција Данил Медведев, а „десетката“ ја комплетираат Стефанос Циципас, Александер Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфис и Давид Гофан.

Годинава дефинитивно ќе се води битка за врвот, и доколку Рафа одлучи да игра на турнирот од серијата 500 во Акапулко, кој што се игра на крајот од февруари, а со оглед на малаат разлика меѓу нив, ќе има нова можност да го престигне Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот