Ѓоковиќ: Австралија Опен може и да се одложи

фото: АТП

Пожарите кои беснеат во Австралија им прават проблеми на организаторите на првиот годинешен грен слем.

Австралија опен е предвидено да се игра од 20 јануари до 2 февруари, а но еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, вели дека и загрижен поради пожарите и дека органзиаторите мораат да размислат за одложување на турнирот.

Причината за ваквото размислување на Ѓоковиќ се големите пожари во Австралија кои досега однесоа дури 23 жртви, а се уништени околу 6.000 домови.

– Мислам дека организаторите ќе направат се за да не дојде до одложување, но доколку состојбата влијае и на здравјето на тенисерите и тенисерките, мислам дека ќе почнат да размислуваат и за евентуално одложување на турнирот за друга датум – изјави Ѓоковиќ.

Според претседателот на советот на тенисери на АТП, здравјето на тенисерите е најважно.

– Одлуката околу евентуалното одложување би била многу тешка за организаторите, треба да се почитува распоредот, а Австралија Опен се игра во строго одреден термин. Многу фактори се во игра, но грижата за здравјето на тенисерите е најважна – вели српскиот тенисер кој е бранител на трофејот на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот