Годфри: „Договорот од Вашингтон е политичка определба, а не правно обврзувачка“

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Србија, Ентони Годфри, рече дека на Вашингтонскиот договор гледа како на политичка определба, а не на законски обврзувачки договор, бидејќи идејата за економска нормализација е важна и носи надеж дека животниот стандард на граѓаните ќе се подобри.

„Гледам голема придобивка и предност и многу сум среќен што (Ричард) Гренел и (Адам) Болер успеаја да дојдат во Белград набргу по договорот од Вашингтон“, изјави Годфри за телевизијата Нова С.

Вашингтон ќе ги исполни своите ветувања, рече Годфри и оцени дека отворањето на канцеларијата на Американската агенција за развој (ДФЦ) во Белград е јасен сигнал дека САД сакаат резултати од договорот за економска нормализација.

Соединетите држави се надеваат дека ќе постигнат договор меѓу Приштина и Белград. Не можеме да наметнеме решение што ќе биде трајно, но мора да доаѓа од обете страни, да биде во нивен интерес и да има компромиси за обете страни, посочи Годфри.

Економската нормализација не е конкуренција со ЕУ, но чекорот што го направивме е дополнителен чекор кон она што веќе се случува во Брисел, а Унијата има примат во политичките прашања, додаде тој. Годфри посочи дека ДФЦ е организација што има непартиска поддршка во Америка, и што и да се случи на претседателските избори во Америка, таа канцеларија ќе работи тука и резултатите од договорот во Белата куќа ќе се видат, без оглед на резултатите од тие избори.

„Се надевам дека ќе можеме да го одржиме овој момент во српско-американските односи“, рече тој, нагласувајќи дека за него е охрабрувачки и задоволство да разјасни што Америка се надева дека ќе постигне

„Не сакаме Србија да биде во потисната позиција, но сакаме да биде просперитетна земја, во мир со соседите и да се движи кон Европа“, рече Годфри.

Годфри рече дека соработува со опозицијата и дека се надева дека ќе се воспостави поразновиден политички дијалог, додавајќи дека се согласува со неговите европски колеги дека не е добра идеја да не учествуваат во политичкиот дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот