Го критикуваат, но Јунајтед е барем силен „надвор од теренот“!

twitter.com/standardsport

„Црвените ѓаволи“ не играат добро на стартот од сезоната, редат лоши резултати, доаѓаат само критики до менаџерот Оле Гунар Солскјер, но затоа надвор од теренот „немаат конкуренција“.

Манчестер јунајтед во минатата година заработи најмногу во историјата, забележа рекорден приход од дури 626 милиони фунти.

Еве што вели на ова извршниот потпретседател на клубот од „Олд Трафорд“, Ед Вудворд:

– Нашиот фокус останува на теренот, планот е да го опоравиме тимот и да продолжиме да го засилуваме младинскиот систем во рамките со филозофијата на нашиот менаџер. Сите во Манчестер јунајтед на освојување трофеи – вели Вудворд.

Во Премиер лигата после шест одиграни кола Јунајтед има само две победи и се наоѓа на осмото место на табелата со осум бодови, 10 помалку од лидерот Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот