Глумицата претерала со операциите: Таа сега е непрепознатлива!

Иако најмногу ја паметиме по улогата на слатката „буцка“ Бриџит Џоунс, некогашната холивудска актерка доживеала целосна трансформација.

Рене Зелвегер денес е многу послаба во однос на периодот кога за потребите на филмот „Дневникот на Бриџит Џоунс“ се здебелила. И не само што актерката видно ослабела, таа со естетските операции го променила и изгледот на лицето, па сега е непрепознатлива.

Откако на почетокот на 2000-тите се пробила и станала една од најбараните актерки во Холивуд, Рене одлучила повеќе никогаш да не се здебели за улога. Така почнала нагло да слабее, а облините и полните образи, по кои била позната, исчезнале.

Тоа не би било толку страшно ако актерката не направела низа пластични операции поради кои нејзиното лице денес изгледа сосема поразлично. Ботоскот и затегнувањето на кожата на лицето на Рене придонеле за поразличен облик и сосема поинаков изглед.

Актерката поради изгледот секогаш е на удар на критики од оние кои сметаат дека претерала со операциите и дека не личи на себе.

Неодамна била видена на еден ексклузивен настан на кој се појавила во кратка розова тоалета, но сите ја забележале нејзината вкочанета насмевка и презатегнатото лице без брчки, како и нагласените јаболчници, па коментарите на присутните биле дека таа навистина претерала со операциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот