Глобалната продажба на компјутери во 2022 година паднала за 16,2 отсто

unsplash
Работа од дома/ Фото: ЕПА

Глобалната продажба на компјутери падна за 16,2 отсто во 2022 година во споредба со претходната година. Според извештајот на истражувачката агенција Гартнер, продажбата на компјутери минатата година паднала за 16,2 отсто на 286,2 милиони единици во споредба со 2021 година, јавува Анадолија, пренесе Ал Џезира Балканс.

Продажбата на компјутери изнесува 65,3 милиони единици во последниот квартал од минатата година, што е пад од 28,5 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Падот на продажбата на компјутери во последниот квартал е најголем пад од 1990 година, откако се води официјална евиденција.

Според извештајот, кинескиот Леново ја зазема водечката позиција со 68,9 милиони (24,1 отсто удел на пазарот). Следи Хјулит-Пакард со 55,5 милиони единици (19,4 отсто од пазарниот удел), Делл е трет со околу 50 милиони (17,5 отсто), а Епл со 27,9 милиони единици (9,8 отсто) е на четврто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот