Глобален индекс на мирот: Пандемијата ќе влијае и врз растот на насилството во светот

epa08470238 People attend a protest in Washington Square Park, 12 days on after George Floyd's death in police custody, in New York, USA, 06 June 2020. A bystander's video posted online on 25 May, appeared to show George Floyd pleading with arresting officers that he couldn't breathe as an officer knelt on his neck. The unarmed black man later died in police custody. EPA-EFE/Alba Vigaray

Според извештајот, тензиите на глобално ниво ќе продолжат да се зголемуваат, бидејќи пандемијата негативно влијае врз политичката стабилност.

Во последните десет години двојно е зголемен обемот на граѓански немири во светот, а протестите се одвиваат од најразлични причини – економски проблеми, полициска бруталност или политичка нестабилност, тренд што пандемијата на Ковид-19 може дополнително да го поттикне, покажува најново истражување на Институтот за економија и мир (ИЕП), тинк-тенк од Сиднеј.

-Економскиот пад предизвикан од сегашната пандемија ќе има влијание врз таквиот развој и ние очекуваме зголемување на демонстрациите, особено во Европа, изјави за бриселскиот портал Еуроактив основачот на ИЕП, Стив Килел, по повод годишната публикација на институтот, Глобален индекс на мирот 2020 (ГПИ).

Во последните 10 години за 282 отсто е зголемен бројот на насилни демонстрации во светот, а бројот на штрајкови за дури 821 проценти. Во текот на 2019 година имаше насилни протести во дури 58 проценти од државите опфатени со извештајот, што претставува развој што, според ИЕП, „одразува подолготраен тренд”.

Најголем број протести и штрајкови имало во Европа, но на Стариот континент само 35 отсто од вкупно околу 1.600 вакви акции се квалификувани како насилни, што е најнизок процент на глобално ниво.

Според извештајот, тензиите на глобално ниво ќе продолжат да се зголемуваат, бидејќи пандемијата негативно влијае врз политичката стабилност и се заканува да ги поништи долгорочните резултати од областа на социо-економскиот развој. Исто така, може да се очекува дека општествата да станат се пополаризирани, проценува ГПИ.

-Веројатно е дека економските последици од Ковид-19 ќе ги зголемат тензиите, бидејќи ќе ја зголемат невработеноста, ќе ја зголемат нееднаквоста и ќе ги влошат работните услови, што ќе доведе до отуѓување на политичкиот систем и поголеми граѓански немири. Затоа, сега ние се  наоѓаме на пресвртната точка, рече Килел.

Според студијата, Италија, Грција, Летонија и Полска се земјите од ЕУ што веројатно најмалку ќе го издржат економскиот удар предизвикан од пандемијата, бидејќи во нив постојат големи економски предизвици, а тие не стојат добро во делот на „социјалната отпорност”.

Најновиот Глобален индекс за мир покажува дека Исланд е се уште најмирната земја во светот, а тоа е позицијата што ја зазема од 2008 година. По неа следуваат Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Данска. Од друга страна, Авганистан, се уште, е на дното на табелата како најпроблематична земја, по што следат Сирија, Ирак и Јужен Судан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот