Гламурозни во секоја декада од животот: Истакнати МАКЕДОНСКИ МОДЕЛИ во модна кампања за МАРКОВ

По ревијата која се одржа на 24 март во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот МАРКОВ продолжува со промоција на претставената колекција, трета поред, низ кампања во која се појавуваат шест истакнати македонски модели од различни генерации.Кампањата, чиј креативен концепт е резултат на колаборација помеѓу МАРКОВ и фотографката истилистка Јована Зука, ја претставува гламурозноста на жената во секоја етапа од животот, низмодната призма на дизајнерот.

Манекенки во различни фази од своите животи, дел со веќе импресивни, долгогодишни кариери, нои свежи лица чие време допрва доаѓа, се фотографирани во маркантни изданија на впечатливископски локации препознатливи по својата бруталистичка, модерна архитектура.

На кампањата се работело во периодот од февруари до мај, на шест засебни фотосесии. Истата беше премиерно претставена минатата недела на социјалните мрежи на Марков, Зука и моделите кои беа дел од неа.

Шесте ѕвезди на оваа кампања се Надица Георгиева, фотографирана во долга вечерна тоалетаинспирирана од операта, Катарина Ивановска, во сензуален, но истовремено и силен црн комплетинспириран од мистериозна птица, Сани Богдановска во строго пругасто троделно одело чија главнареференца е моќниот машки бизнис-костим, Маја Сашек во женствен бохо фустан со мотив намагнолии, како и младите модели Горјана Кулишевска во авангарден комбинезон дизајниран помондријански принцип на врамени обоени полиња, и Миа Симоновска во сензуална интерпретацијана женски “power-suit”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот