Гламур и раскош: Шведските принцези заблескаа во полн сјај (ФОТО)

На свечената прослава во шведскиот The Concert Hall што се одржа месецов  во чест на Нобеловците, вниманието го украдоа шведските кралски дами. Сите очи беа вперени во принцезите Викторија, Маделеин и Софија, кои по скалилата во салата ги придружуваа овогодинешните лауреати.

Profimedia

Убавите принцези дале сè од себе да заблескаат во полн сјај.

Најстарата ќерка на шведскиот кралски пар, Викторија, единствена престолонаследничка во светот и прва во историјата која ја држи таа позиција, на свечениот бал пристигна со сопругот Даниел Вестлинг.

Profimedia

42-годишната крунска принцеза благодарение на впечатливата тоалета беше убедлива победничка на вечерта, но не заостануваше ни нејзината помлада сестра во ефектниот розев фустан.

Profimedia

Сопругата на принцот Карлс Филип, 35-годишната принцеза Софија се одлучи за тренди тиркизен фустан со потпис на шведската дизајнерка Селам Фесахај.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот