Ѓоковиќ во лов на 20. грен слем титула, може ли Беретини да спречи историски успех

Тој напредува поради податокот дека навивачите се против него/ Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Српскиот тенисер денеска од 15 часот против Матео Беретини ќе игра во финалето на Вимблдон.

Централниот терен на Олд Ингланд клубот во Вимблдон денеска од 15 часот ќе биде местото каде Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да испише нови страници во историјата на тенисот. Српскиот тенисер ќе игра за својата шеста титула на Вимблдон и за вкупно 20. грен слем титула  со која би се израмнил со Рожер Федерер и Рафаел Надал на првото место на вечната листа.
Во тој обид ќе се обиде да го попречи Матео Беретини кој во денешното финале влегува со голема самодоверба
Досега Ѓоковиќ е Беретени се сретнале два пати и српскиот тенисер славеше во двата наврати, првиот триумф беше на АТП финалето во Лондон, а вториот беше на Ролан Гарос.
– Титулата би ми значела се. Затоа сум тука и затоа играм тенис – порача Ѓоковиќ.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Ѓоковиќ со пласманот во финалето ја оправда улогата на главен фаворит за титулата, првиот сет на турнирот го загуби од 250 тенисер на светот, Џек Дрејпер кога тревата се уште беше свежа и им предизвикуваше големи проблеми на тенисерите. Останатите дуели ги доби со максимални 3:0, а најголеми проблеми му зададе младиот Денис Шаповалов во полуфиналето.
– Против Новак може да добие неколку шанси и мора да ги искористите. Прави огромен притисок над противниците во најважните поени и се чувствува кога ќе го крене нивото на игра – изјави Шаповалов по поразот од Ѓоковиќ.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Последна пречка кон историскиот триумф на Новак Ѓоковиќ е Матео Беретини кој игра фантастично на Вимблдон. Италијанецот има серија од 11 победи по ред на трева, тој славеше и на турнирот во Квинс кој беше генерална подготвка пред Вимблдон, а интересно е што до финалето не играше со ниту еден од топ 15 тенисери на светот.
– Се надевам дека теренот ќе излезам со крената глава, ќе ја играм својата игра и потоа ќе видиме што ќе се случи. Не сама да мислам дека пласманот во финалето е победа. Не сум таков, сакам повеќе – порачува Беретини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот